Младост-лудост – Легенда од Премиер лигата призна дека играл пијан против Арсенал

Рио Фердинанд приреди изненадување со признанието дека на почетокот на професионалната кариера како фудбалер на Вест хем настапувал пијан на натпревари во англиското првенство.

Еден од најдобрите стопери во историјата на Премиер лигата и член на златната генерација на Манчестер јунајтед, клуб со којшто освои шест домашни круни и една европска во Лигата на шампионите, раскажува дека знаел да испие многу, па дури и да игра пијан против Арсенал.

„Младост-лудост. Знаев да пијам цел ден, по десеттина пива и потоа да продолжам со вотка. Се сеќавам дека пред мечот со Арсенал испив три ракии во клупскиот бар, бидејќи требаше да бидам резерва. Ми соопштија дека ќе играм во стартниот состав, а јас сè уште имав чаша со алкохол во раката, камуфлирана како чаша со кока-кола. Се молев да не играм бидејќи не можев стабилно да стојам“, раскажува Фердинанд.

Вели дека во Вест хем има правило играчите да пијат по натпреварите, а признава дека не се сеќава најдобро на дел од кариерата во тимот од Лондон.

„Имам црна дупка од тој период. Луѓето често ме прашуваа за некој резултат од тоа време и јас искрено признавам дека не се сеќавам“, додаде стоперот што играше пет години од 1995-2000 во Вест хем.

Потоа следните две настапуваше за Лидс, пред да се пресели на „Олд Трафорд“, каде што остана од 2002 до 2014 година како една од легендите на моќните Црвени ѓаволи од Манчестер.

 

- Оглас -

Најнови вести