ММА ѕвезди се „искршија“ од ќотек поради изјава за Русија (ВИДЕО)

Германскиот ММА борец Илија Топурија, и Британецот Педи Пимблет имаа жесток дуел во хотелот каде што се сметени.

Во сабота ќе се одржи УФЦ Лондон, односно најквалитетниот ММА турнир во Европа, а организаторот наиде на неочекувани проблеми.

Пимблет и Топурија се разминаа во лобито, при што Британецот рече: Затоа Русија ја бомбардира Грузија, вие сте еден куп идиоти.

Топурија по потекло е Грузиец и веднаш му се нафрли на Педи, а по сето ова изјави дека посакува борба со него за да го реши во рингот.

 

- Оглас -

Најнови вести