МНОГУ БОЛИ ПОРАЗОТ ОД СИТИ: Лут навивач на Челзи фрли карта вредна 1.250 фунти

Челзи го претрпе најтешкиот пораз во историјата на Премиер лигата, откако со 0:6 загуби од Манчестер сити. Уште во првите 25 минути беше најавен тешкиот пораз на гостите, бидејќи „граѓаните“ имаа предност од 4:0. Речиси 30 години Челзи немаше примено четири гола за 25 минути од стартот на мечот.

По завршување на средбата во Манчестер, дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер чувствуваше вина, па реши да замине кај навивачите на неговиот тим и да го подари дресот. Сепак, таму дочека лути фанови, кои не само што не го сакаа неговиот дрес, туку еден од навивачите кон него ја фрли членската годишна карта која ја има купено за следење на мечевите на Челзи на „Стемфорд Бриџ“.

Сезонските билети за Челзи се трети најскапи во Премиер лигата и чинат 1.250 фунти. Челзи влезе во мини криза, откако го претрпе третиот пораз во последните пет меча. Претходно загуби и од Арсенал со 2:0, а неочекувано високо беше поразен и на гостувањето кај Борнмут со 4:0.

- Оглас -

Најнови вести