Многу екипи заборавија што е тоа нерешен резултат, ден за типување иксови?

Има обложувачи кои „бркаат“ прекин на традиции, бараат нерешено таму каде што ретко го има, па за таквите, денеска е можеби идеален ден да се обидат да заработат многу пари, типувајќи на „иксови“. Низ Европа денеска се играат неколку мечеви во кои барем едниот тим, одамна нема одиграно нерешено.

На пример, Сампдорија е тим кој девет меча по ред не знае за реми. Клубот од Џенова од 15 часот гостува кај Удинезе, и ако мислите дека е време Блучеркатите да одиграат нерешено, искористете ја големата квота за нерешен исход.

Вулверхемптон е тим кој десет меча по ред нема играно нерешено, последното реми им беше уште на 19-ти декември.

Барнли истотака во моментов има низа од двоцифрен број мечеви на кои или победуваше или губеше, а гостува кај Дерби каунти кој седум меча не играл нерешено. Во англискиот Чемпионшип, и Борнмут е тим кој има голема низа без нерешено. На гостувањето кај Престон одат со серија од 12 меча без нерешено, од 3 декември не освоиле еден бод, од тога наваму, земаа или три бода или ниту еден.

Можеби сакате да бркате икс на Генк, кој има девет меча по ред без нерешено.

Ако некаде крајно време е да биде нерешено, тоа е мечот на Вилем Втори и Херенвен. Овие фајтерски тимови одамна не играле нерешено. Последното реми на Вилем Втори беше уште на 22 октомври, додека Херенвен од 11-ти декември наваму нема нерешено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести