Многу комбинации за место во полуфиналето во Стокхолм

Групата 2, која се игра во шведскиот град Малме, носи многу неизвесности во пресрет на последното коло од втората фаза на ракометното Европско првенство. Ситуацијата ќе беше многу позамрсена ако синоќа Унгарија победеше против Шведска, но и вака ќе има доволно возбуда.

Доколку одлучите да типувате на ракометни натпревари, треба да имате предвид неколку работи.

Норвешка веќе е пласирана во полуфиналето и денеска порелаксирано може да влезе во дуел со Словенија. Не дека Норвежаните нема да сакаат да победат и да останат со стопроцентен учинок, но помали им се мотивите.

Словенците прво ќе чекаат кикс на Унгарија против Португалија. Ако Унгарија не победи против Португалија, тогаш Словенија е полуфиналист, па и тие против Норвешка нема да влезат со којзнае колку големи мотиви. Но, ако Унгарија слави против Португалија од 16 часот, тогаш од 18.15 дуелот со Норвешка, за Словенија е да се биде или не. На Словенија ќе ѝ треба нерешено или победа доколку претходно Унгарија победи. Третиот од оваа група оди на дуел за петто место против Германија.

За Португалија, мечот со Унгарија не е баш без никакво значење. Португалците не може да влезат во полуфинале, но уште имаат шанса да бидат трети и да се изборат за дуел за петто место и олимписки квалификации. Ако Португалија ја победи Унгарија, а Шведска не загуби од Исланд, ете ги Португалците на третото место. Има уште една математика. Ако ја победат Унгарија барем со пет гола разлика, тогаш им треба пораз на Шведска од Исланд.

Исланд и Шведска немаат никакви шанси за трето место, па нивниот меч вечерва е само ревијален и ќе сакаат да се простат од ЕП на што е можно подобар начин.

- Оглас -

Најнови вести