Многу важен потпис официјализиран на „Сан Сиро“

Стефано Пиоли е тренерот кој минатата сезона ја исполни децениската желба на навивачите на Росонерите да се израдуваат на шампионската титула. Токму затоа, Пиоли како награда за тој трофеј, но и за добрите игри на екипата во оваа сезона, му донесе продолжување на договорот.

Според новиот договор, Пиоли ќе остане на „Сан Сиро“ до 2025 година.

Пиоли дојде на клупата на Милан во 2019 година и според последниов договор, треба да биде предводник вкупно шест сезони. Росонерите моментно се на третото место во Серија А само со пет бода помалку од лидерот Наполи.

- Оглас -

Најнови вести