Многумина го осудија начинот на кој таткото ја прослави победата со 16-годишната ќерка (Видео)

Младата чешка тенисерка Сара Бејлак ја победи Хетер Ватсон со 2:1 во сетови и на тој начин избори место на главниот ждреб на Отвореното првенство на САД. Победата на Бејлак предизвика големо внимание, посебно поради начинот на кој нејзиниот татко ѝ честиташе за триумфот.

Сара прво се израдува во прегратките на татко ѝ, кој веднаш неколку пати ја удри по задникот, а потоа ја бакна во уста. Овој начин на прослава беше доволно за многу реакции на соцојалните мрежи.

„Таа има само 16 години. Ова е ужасно“, беше една од реакциите, додека други коментираа дека тоа е „ужас“ и „срамота“.

По прославата со татко ѝ, Сара потоа замина во прегратки на уште еден постар човек, а тоа е нејзиниот тренер, кој исто така ја прегрна и ја фати за задникот.

 

- Оглас -

Најнови вести