Непосредно пред поаѓањето за Багдад каде Ал-Наср утре треба да гостува кај Ал-Шорта во натпревар од азиската Лига на шампиони, саудискиот клуб објави соопштение кое разочара многумина.
„Капитенот Кристијано Роналдо не се чувствува добро денеска, има вирусна инфекција, и клупскиот лекар побара од него да остане дома и да одмора. Како резултат на ова, Роналдо нема да патува со тимот во Ирак. Му посакуваме брзо оздравување“ објавија од Ал-Наср.
Ова е студен туш за фановите на Роналдо во Ирак кои сигурно во голем број ќе го чекаа на аеродромот во Багдад, а од неиграњето на Роналдо ќе бидат несреќни и фановите на Ал-Наср, бидејќи без него се намалуваат шансите за победа.