Многумина се чудат како ова не беше пенал за Севиља, Јувентус го искористи подарокот, домаќинот одма врати (Видео)

Севиља и Јувентус го играат реванш-мечот од полуфиналето во Лигата на Европа. Првиот дуел заврши без победник (1:1), а сега на 15 минути пред крајот, резултатот е 1:1, што значи дека исти се шансите за место во финалето.

Душан Влаховиќ погоди за радост на Јувентус во 65-тата минута, но Сусо израмни во 72-рата минута.

Првото полувреме на стадионот во Севиља ќе се памети по една ситуација пред голот на Јувентус. Квадрадо директно стартуваше на ногата на противникот, репетицијата покажува дека има директен удар, но судијата Дани Макели оцени дека нема пенал. Дури ни ВАР-системот не сметаше дека има пенал за Севиља во ситуацијата која сигурно ќе донесе многу дискусии во следниот период.

Спорната ситуација може да ја видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести