19.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Мнозинството прогнозери слепо му веруваат на Манчестер сити

На половина од рокот за типување за новото коло на Спортска прогноза на Sport Life се издвојуваат неколку тимови како големи фаворити на мнозинството играчи кои веќе се изјасниле.

Најмногу прогнозери, речиси 87 проценти, типувале победа на Манчестер сити против Тотенхем. Дерби се игра и во Италија, Милан на „Сан Сиро“ му е домаќин на Јувентус, а тука процентите се многу порамномерно распоредени. Најголем дел (44 проценти) типувале на нерешено, а скромни 17 отсто веруваат во победа на Јуве.

Јувентус е единствен непоразен тим во Серија А сезонава, а 38 отсто играчи на Спортска прогноза кои веќе типувале сметаат дека Милан ќе ја совлада Старата дама.

За секој прогнозер главен предизвик ќе биде да се обиде да ги погоди сите 13 фикса од основната понуда и со тоа да стигне до Среќна 13-ка, што ќе му донесе и вреден подарок. Со перфектни 13 погодоци, прогнозерот може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).

За 12 погодоци следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката вреди ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести