Мода или непочитување, Италијанка на Вимблдон игра облечена во чипкана венчаница! (Фото)

Италијанската тенисерка Камила Џорџи (48-ма на ВТА-листата) на мечот против Французинката со руско потекло Варвара Грачева настапува облечена во многу необичен аутфит за Вимблдон, но ако ништо друго, ќе биде облечена во бело како што наложува традицијата.

Таа носи модел креиран од брендот Џомила, кој е во сопственост на нејзината мајка. Станува збор за тесни шорцеви, а горниот дел е чипкан.

Овие фотографии со кои најави како ќе биде облечена, предизвикаа огромен интерес и шеговити коментари.

„По мечот ќе прави свадба“, се дел од реакциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести