Моџи објасни зошто Анри не се снајде во Италија

Човекот кој ги влечеше конците во Јувентус кон крајот на 90-тите години од минатиот век, Лучијано Моџи, раскажа зошто еден од најдобрите светски напаѓачи во последните 30-тина години, Тјери Анри, не успеа во дресот на Старата дама од Торино.

Анри во 1999 година како 22-годишен од Монако се пресели во Јуве, но не се прослави и постигна само три гола за половина сезона. Потоа замина во Арсенал и остана речиси осум години, во кои се претвори во еден од најдобрите фудбалери на светот. Во 2007 година потпиша за Барселона, но најголем печат остави во Арсенал, каде што е прв стрелец во клупската историја.

„Знаевме дека Анри ќе игра одлично во Англија и во Арсенал. Венгер е голем мајстор и можевме да го донесеме во Јуве на местото на Марчело Липи. Анри се мачеше со блиските маркирања и кога заврши на клупата, беше тажен. Слично ни се случи и со Ван дер Сар, кога беше заменет од Буфон, па откако си замина, стана ѕвезда на Манчестер јунајтед“, изјави Моџи.

- Оглас -

Најнови вести