Модриќ дефинитивно нема да игра против Валјадолид

Зинедин Зидан дефинитивно нема да смета на Лука Модриќ за дуелот против Валјадолид од второто коло во Ла Лига откако Дисциплинскиот комитет на Шпанската федерација ја одби жалбата на Реал Мадрид.

Хрватот ќе отслужи еден меч суспензија поради црвениот картон во победата над Селта Виго на „Балаидос“, што значи дека нема да се појави во првиот овосезонски натпревар на Кралевите пред домашните навивачи.

Покрај Модриќ, претохдно од комбинација отпадна и Еден Азар поради повреда, а тоа може да го натера францускиот стратег да посегне по Хамес Родригес. Иако иднината на Колумбиецот е неизвесна, непосакуваните проблеми на клубот може да бидат корисни за него и по подолго време да го облече белиот дрес.

 

- Оглас -

Најнови вести