Модриќ денеска ќе добие награда која ја немаат освоено ниту Меси, ниту Роналдо

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ ќе доцни со собирот во националниот тим бидејќи денеска мора да се појави на гала свеченост во Монако. Модриќ ќе биде гостин на Принцот Алберт Втори, кој ќе му ја предаде наградата Златното стапало на Хрватот од Реал Мадрид.

Оваа награда се доделува на фудбалери за своите индивидуални и тимски успеси, а еден од главните критериуми е фудбалерот да има 28 години и да биде уште активен на теренот. Модриќ ја доби наградата за оваа година во конкуренција на: Меси, Роналдо, Кјелини, Рамос, Левандовски, Агуеро, Пике, Руни и Силва.

Ланскиот добитник на ова признание беше Единсон Кавани, а интересно е дека оваа награда досега ја немаат освоено ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо. Признанието се доделува од 2003 година, а досега го освојувале играчи како што се: Роберто Баџо, Лус Назарио да Лима Роналдо, Роналдињо, Алесандро дел Пјеро, Роберто Карлос, Андриј Шевченко, Франческо Тоти, Икер Касилјас, Златан Ибрахимовиќ и Андрес Иниеста.

Победниците во овој избор по добивањето на признанието оставаат печат со своето стапало. Модриќ оваа награда ја доби благодарение на своите добри игри во репрезентацијата на Хрватска, како и добрите настапи во дресот на Реал Мадрид.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести