Модриќ до Родриго: Мора да ме слушаш, можам да ти бидам татко

Родриго Гоес, младата ѕвезда на Реал Мадрид, откри интересен момент меѓу него и Лука Модриќ непосредно по пристигнувањето на „Сантијаго Бернабеу“. Хрватскиот играч за врска се изненадил кога дознал дека таткото на Родриго е всушност негов врсник, има 35 години, па од тој момент почнал да го вика „сине“.

„Кога Лука дозна дека татко ми има 35 години и е негов врсник, ми рече дека морам да го слушам. „Почитувај ме, можам да ти бидам татко“, ми се обрати Модриќ, оттогаш ме вика сине, а јас него тато“, истакна Родриго.

Талентираниот бразилски офанзивец минатото лето стана член на Реал за сума од 45 милиони евра кога го напушти Сантос, а во дебитантската сезона запиша 24 настапи за Кралевите во сите натпреварувања во кои постигна седум гола и две асистенции.

- Оглас -

Најнови вести