Модриќ доби пофалби и веројатно го одигра последниот меч годинава

Лука Модриќ вчера блескаше со погодок во новата победа на Реал Мадрид на гостувањето кај Еибар од 3-1, меѓутоа овој меч може да му биде последен за 2020 година откако се здоби со мускулна повреда на левата нога.

Клучниот играч за врска на Кралевите ќе мора на дополнителни прегледи за да се утврди колку време ќе мора да паузира, иако првичните прогнози се дека повредата не е сериозна.

Сепак, Хрватот ќе го пропушти дуелот во среда против Гранада, а за средбата со Елче на 30 декември ќе одлучува Зидан дали сака да ризикува со својот фудбалер.

Со Модриќ во стартните 11, Реал славеше во пет меча во низа, од кои четири се во шпанското првенство против Атлетико, Севилја, Билбао и од вчера Еибар. Шпанските медиуми доста ја пофалија „10-ката“ на Кралевите за настапите во изминатиот период, потенцирајќи дека заслужува нов договор и да остане во Мадрид и по крајот на оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести