Модриќ доби понуда од МЛС лигата

Американскиот прволигаш ДЦ јунајтед е во потрага по нова европска ѕвезда откако замина Вејн Руни. Потребен им е играч од врвен калибар за да го подобар учинокот од минатата сезона, а идеален фудбалер кој би можел да влијае со популарноста е токму играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

На освојувачот на Златната топка од 2018 година му истекува договорот по крајот на оваа сезона, а одредени американски медиуми тврдат дека Хрватот е заинтересиран да ги следи стапките на Руни. Се споменува сума од шест милиони долари како годишна плата, на засега непознат договор според времетраење.

Модриќ дефинитивно би го привлекол вниманието на себе во главниот град на САД, а воедно и искористил добро да заработи во залезот на кариерата ако се земе во предвид дека има 34 години. Инаку Модриќ пред извесно време беше избран за најдобро засилување на Кралевите во минатата декада, јасно е за каков играч станува збор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести