Модриќ е пред заминување од Реал, има четири богати понуди на маса

Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ не е задоволен од статусот што го има во Реал Мадрид и сè погласни се шпекулациите дека налето ќе си замине. Светските медиуми тврдат дека тој има понуди од четири клуба за да се пресели во нивните редови, но има понуда и од Реал Мадрид да остане во клубот, но како дел од стручниот штаб на Карло Анчелоти.

Дури три клуба од Саудиска Арабија го сакаат Хрватот во своите редови. Се работи за екипите на Ал-Ахли, Ал-Хилал и Ал-Наср, кои се во сопственост на инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија, но интерес има и од МЛС-лигата, од екипата на Интер Мајами. Сопственикот на клубот, Дејвид Бекам, го сака Модриќ во својата екипа и заедно со Лионел Меси и останатите ѕвезди да направи вистински дрим-тим.

Модриќ неколку пати изјавуваше дека не сака да ја напушти Европа, но и воопшто Реал, но според минутажата која ја има, се чини дека има само два избора пред себе: да ја заврши фудбалската кариера или да си оди од Реал.

- Оглас -

Најнови вести