Модриќ и Крос царуваат на средината на теренот, нивната прослава на терен е хит (Видео)

Лука Модриќ и Тони Крос се алфа и омега во тимот на Реал Мадрид и царуваат на средината на теренот во составот што вчера по 14-ти пат ја освои титулата во Лигата на шампионите, а начинот на кој заедно славеа по завршување на мечот е хит на социјалните мрежи.

И буквално се тркалаа заедно на тревникот на стадионот „Стад Де Франс“ сосема заслужено по големата победа против Ливерпул од 1:0.

[Ele] Kroos and Modrić after the win from soccer

Модриќ и Крос се живи легенди на светскиот фудбал, а и двајцата имаат по пет титули во Лигата на шампионите.

Хрватот е петкратен европски првак со Реал Мадрид, а Крос има четири пехари со Кралскиот клуб и една со Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести