Модриќ ќе го памети мечот со Селтик, хрватскиот Маестро вечерва првпат шутна пенал во ЛШ (Видео)

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ дури на 37-годишна возраст за првпат доби прилика да изведе пенал на натпревар од Лигата на шампионите.

Тоа се случи вечерва, на средбата Реал Мадрид – Селтик, а Лука, кој ја носи капитенската лента, успеа најстрогата казна да ја претвори во гол за водство на Кралскиот клуб од 1-0.

Малку подоцна, за Реал беше досуден уште еден пенал, но на Модриќ му помина меракот, па топката ја зеде Родриго, кој зголеми на 2-0, резултат со кој екипите заминаа на пауза.

Стефани Фрапар е прва жена која му судела официјален меч на Реал, а Французинката се покажа како мераклика за судење пенали, па еден шут од 11 метри им додели и на гостите од Шкотска. Го изведе Јурановиќ, но Куртоа одбрани, па резултатот остана 2-0 за тимот на кој му треба победа за да биде прв во групата.

Ова е првиот пенал во богатата кариера на Модриќ во ЛШ:

https://twitter.com/i/status/1587866086015475715

- Оглас -

Најнови вести