Модриќ лани беше Златна топка, а сега е Златно стапало

Плејмејкерот на Реал Мадрид, 34-годишниот Хрват Лука Модриќ, е добитник на наградата Златно стапало кое му се доделува на најдобриот фудбалер постар од 29 години. Настанот во Монте Карло е под покровителство на принцот Алберт, а традицијата е освојувачот откако ќе ја прими наградата, да ги соблече чевлите и чорапите и да остави свој отисок во злато со потпис.

Правилото е дека еден играч оваа награда може да ја добие само еднаш. Прв добитник во 2003 година беше Роберто Баџо, а лани титулата му припадна на Единсон Кавани. Иако имаат повеќе од 30 години, Лионел Меси и Кристијано Роналдо досега не го добиле признанието.

- Оглас -

Најнови вести