Модриќ на прес конференцијата доби прашања од жена му, татко му… (Видео)

Лука Модриќ на дуелот Хрватска – Кипар, по 135-ти пат го облече дресот на Коцкестите и со тоа стана фудбалерот со најмногу настапи во националната селекција. Капитенот на Хрватскавеќе се подготвува за следниот дуел и тоа против Малта, утре во Ријека.

Во чест на рекордот кој го постигна по бројот на одиграни мечеви, на Модриќ му беше организирана специјална прес конференција на која доби прашање од 11 посебно значајни луѓе за него. Некогашните соиграчи Срна, Ковачиќ и Крањчар и поранешниот селектор Славен Билиќ беа само ден од оние кои поставија прашање.

Освен оние со кои на професионален план соработуваше во изминативе 15-тина години, прашања за Модриќ имаше и од неговата сопрува Вања, но и од неговиот татко Стипе. Најтешките прашања беа токму од сопругата Вања, која го праша кој му е најдраг соиграч во националниот тим, како и тоа кога ќе ја заврши репрезентативната кариера.

„Ова е можеби најтешко прашање и нормално од кого ако не од жената. Не можам да одвојам еден соиграч. Со многумина се стекнав со пријателство. Еден не можам да одберам, но повеќе можам да набројам. Што се однесува за тоа до кога ќе играм, самата знаеш колку ова ми значи колку сум среќен кога доаѓам тука за репрезентацијата. Ќе мора уште малку да се воздржиш. Ќе имаме време да уживаме и да поминуваме поголем дел од времето заедно“, и одговори Лука на својата сопруга Вања.

Таткото Стипе го запраша за тоа кој му е најдраг погодок во репрезентацијата на Хрватска.

„Најдраг гол ми е тој против Аргентина. Поради значењето на мечот го издвојувам тој погодок, инаку сите голови во репрезентацијата ми се драги“, рече Модриќ, кој на шега додаде дури и дека ако треба ќе научи кинески јазик ако некогашниот селектор Славен Билиќ сака да го одведе на Далачниот Исток.

 

- Оглас -

Најнови вести