Лука Модриќ нема план да се пензионира на крајот на сезоната, а според најавите од Италија, тој и следната натпреварувачка година ќе настапува за Милан. Неговиот менаџерски тим веќе одржал состанок со раководството на клубот од Милано, па потпишувањето на нов договор веќе е реалност.
Хрватот во Милан пристигна минатото лето како слободен фудбалер, а доколку потпише нов договор, тоа значи дека ќе биде активен и со полни 41 година.
Новиот договор кој му е понуден е фантастичен за фудбалер на таа возраст. Хрватот би заработил 4,5 милиони евра за само една сезона, плус дополнителни бонуси.

