Модриќ одбил понуда од Катар, но уште не ја одбил понудата на Јувентус, чека на Реал

Лука Модриќ сезонава покажа дека и на 36-годишна возраст уште е играч кој прави разлика на терен со своите генијални потези. Иако многу негови врсници играат на други континенти за да заработат пари, Хрватот не планира да ја напушти Европа.

Договорот на Модриќ со Реал Мадрид е до крајот на сезонава, па други клубови веќе се обидуваат да го донесат во своите редови. Лука имал две конкретни понуди, една од катарски клуб, другата од најтрофејниот италијански клуб Јувентус кој се надева дека Хрватот можеби и нема да продолжи со Реал.

Модриќ веднаш ги одбил богатите Катарци, но на Јуве уште не му кажал „не“, чека прво да види каква понуда ќе добие од неговиот сегашен клуб.

Сепак, голем фаворит за потписот на најдобриот фудбалер на светот за 2018 година е Реал, и самиот Модриќ сака кариерата да ја заврши во најголемиот клуб на светот во кој ги мина најблескавите моменти.

- Оглас -

Најнови вести