Модриќ: Сакам со трофеј во Абу Даби да ја завршам сјајната година

Европскиот првак Реал Мадрид го чека својот противник во полуфиналето од Светското клупско првенство кое се игра во Абу Даби. Денес, во 14 часот играат Кашима и Гвадалахара, а победникот од овој дуел ќе се бори со „кралевите“ за влез во големото финале.

Играчот за врска на Реал, Лука Модриќ, во пресрет на шампионатот посочи дека со трофеј сака да ја заврши сезоната, во која ја освои Лигата на шампиони, додека на инвидуално ниво ги собра сите престижни награди, како Златна топка и најдобар во Европа според ФИФА.

„За нас е најважно сите да играме добро, секој во тимот да биде на врвно ниво. Јас секако ќе се трудам на секаков начин да помогнам да го освоиме овој трофеј, па во добро светло да ја завршам оваа година. Постепено се навикнуваме со Солари, но има уште неколку сегменти во кои знам дека можеме да биде подобри. Во добра форма доаѓаме во Абу Даби, мотивацијата секогаш е тука кога се бориме за трофеј“, истакна Модриќ.

Денес се играат два четвртинални дуели, Кашима или Гвадалахара (14 часот) ќе биде противник на Реал, додека победникот од мечот кој се игра во 17:30 часот, Есперанс Тунис – Ал Аин, ќе биде противник на јужноамериканскиот шампион, Ривер плејт.

- Оглас -

Најнови вести