Модриќ си оди од Реал? Познато е со кои два клуба преговара неговиот агент

Лука Модриќ наскоро ќе го напушти Реал Мадрид, открива Руди Галети , италијанскиот новинар специјализиран за трансфери во Саудиска Арабија, но без конкретно да каже дали тоа ќе се случи на зима или следното лето.

Според италијанецот, менаџерскиот тим на Модриќ во моментов преговара со два клуба, и двата од Саудиска Арабија, а се работи за Ал-Ахли и Ал-Итихад. Агентот на хрватот неодамна изјави дека нема ништо од трансфер во Саудиска Арабија и дека Модриќ е сконцентриран на настапите за Реал, но се чини дека и не е баш така.

Минатото лето Лука Модриќ одби фантастични 200 милиони евра за три години од Ал-Ахли и одлучи да потпише нов едногодишен договор со Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести