Модриќ: Стар сум за Тотенхем

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ не знае дали кариерата ќе ја заврши во Реал Мадрид, но ја отфрла можноста за враќање во Тотенхем, од каде што дојде во Кралскиот клуб. Модриќ и на 35 години е еден од клучните играчи на Реал, викендов даде мајсторски гол против Барселона откако го „испрати по бурек“ голманот Нето, но договорот му е до крајот на сезонава.

„Имам договор до крајот на сезонава, ќе видиме што ќе се случи. Се чувствувам добро и сакам да играм уште неколку сезони. Фокусиран сум на играњето за Реал Мадрид, сакам да ги оствариме целите. По завршувањето на сезонава, ќе разговарам со клубот и ќе ја донесеме најдобрата одлука за сите. Осум години сум во Реал, имам супер односи со раководството, што и да се случи, нема да има проблем. Враќање во Тотенхем? Не, веќе сум стар за таму“, изјави Модриќ.

Модриќ играше за Тотенхем од 2008 до 2012 година. Лука, кој во 2018 година беше прогласен за најдобар светски фудбалер, не сака да брза со носење на одлука за неговата иднина, а ако реши да се раздели со Реал, сигурно ќе има многу клубови кои ќе сакаат да го видат во своите редови, и тоа не само европски, туку и богати клубови од другите континенти.

- Оглас -

Најнови вести