Мохамед Салах потпиша професионален договор со Брондби

Мохамед Салах го потпиша својот прв професионален договор со данскиот клуб Брондби. Овој 15-годишен талентиран фудбалер има исто име и презиме како еден од најдобрите фудбалери на светот, и за разлика од ѕвездата на Ливерпул, овој не е Египќанец, туку има данско државјанство.

Салах од Брондби има прекар Муди и има талент, па се надева дека во иднина ќе изгради голема кариера. Интересно е што исто како и оној од Ливерпул, и овој Салах игра како напаѓач и посилна страна му е левата нога.

- Оглас -

Најнови вести