Мојс се чуди: Разочаран сум што се досуди пенал за „нуркањето“ на Салах

Дејвид Мојс и по 17 гостувања на „Енфилд“  како тренер не знае за победа, а неговито Вест хем вчера во даден момент беше блиску да ја прекине лошата низа на шкотскиот стратег.

При водство од 1-0 за Чеканите, Ливерпул доби прилика да израмни од пенал откако Масуаку направи фаул врз Салах во казнената зона. Египќанецот ја искористи приликата од 11 метри, а дури во 85-тата минута Црвените го осигураа триумфот преку Жота.

Мојс по мечот ја критикуваше одлуката на Кевин Френд да додели најстрога казна, иако тој доби и потврда од ВАР-собата дека има услови за пенал.

„Искрено да ви кажам, разочаран сум што дочекавме во фудбалот да се судат пенали за глумење. Нуркањето на Салах беше очигледно. Тој застана, ги крена рацете и се фрли на тревата. Според мене, тоа не може да биде најстрога казна, иако имаше минимален контакт. Но, последниот збор го има главниот арбитар и ние мора да се помириме со таа одлука“, посочи Мојс.

 

- Оглас -

Најнови вести