Новак Ѓоковиќ по десеттиот триумф во Мелбурн изјави дека ова беше неговата најважна и најголема победа во кариерата и во животот, а притоа имаше порака и сите млади тенисери и тенисерки кои се надеваат дека ќе ги достигнат неговите успеси.
„Прво морам да кажам дека сум трогнат од убавите зборови на Стефанос. Мислам дека и двајцата кога сме на теренот сакаме да победиме, но по победата треба да го признаеме трудот на двајцата. Ова не е твое последно гренд слем финале.
Морам да кажам дека ова беше најпредизвикувачкиот турнир на кој играв во кариерата. Минатата година не играв, годинава се вратив и сакам да им се заблагодарам на сите кои направија се да се чувствувам добро. Постои причина зошто го играм најдобриот тенис токму тука. Се обидувам да се штипнам и да го живеам моментот. Само мојот тим и семејството знаат низ што поминавме во изминатите 4-5 недели и затоа ова е мојата најголема победа во животот.
Србија и Грција се две мали земји кои немаат тениска традиција и немавме премногу играчи на кои можевме да се угледаме. Мислам дека пораката за секој млад тенисер и тенисерка е да продолжите да сонувате, не дозволувајте некој да ви ги одземе соништата. Мислам дека сите кои имаат потешко детство, стануваат посилни, а Стефанос и јас сме доказ за тоа. Не дозволувајте некој да ви го украде сонот затоа што можете да успеете“, изјави Новак по победата.
https://twitter.com/i/status/1619670092341452800