Моќен старт на Англија – Белингам, Сака и Стерлинг сурово го казнија калкулантскиот пристап на Иран (Видео)

Џуд Белингам е стрелец на првиот гол за Англија, а веднаш по него погодија и Бакајо Сака и Рахим Стерлинг за убедлива предност на Гордиот Албион од 3:0 против Иран во вториот меч на Мундијалот во Катар.

Белингам, момчето кое има само 19 години, во класичен англиски стил, со удар со глава ја погоди мрежата на Иран во 35-тата минута и го казни калкулантскиот пристап на ривалот.

Голот на Белингам, прв за Гордиот Албион во Катар, можете да го погледнете ОВДЕ.

Веднаш потоа како на филмска лента погодуваа и Сака, со прекрасен волеј, и Стерлинг во рок од само 120 секунди.

Прекрасниот погодок на Сака со волеј можете да го погледнете ОВДЕ.

Претходно Хари Мегваер ја погоди пречката, а почетокот на мечот мина во знакот на тешката повреда на голманот на Иран, Алиреза Беиранванд.

Тој се судри со свој соиграч во шеснаесетникот на Иран, а потоа дури 10 минути лежеше на тревникот пред да биде заменет, очигледно со тешка повреда на носот и со потрес на мозокот.

Иранците постојано некако се обидуваа да ја задржуваат играта во првиот дел, првото полувреме беше продолжено за цели 14 минути, а казната стигна со три гола во нивната мрежа, со што по првото полувреме речиси е јасно дека Англија ќе го почне Мундијалот со три бода.

 

 

- Оглас -

Најнови вести