Моќна Барселона со доминација каква што не се памети, победи на сите меча во првенството

Женската екипа на Барселона се израдува на титулата во шпанското првенство и тоа повеќе од заслужено. Каталонскиот гигант е доминантен во женска конкуренција, па сезоната ја заврши со 30 победи во 30 меча и на крајот ги освои перфектните 90 бода во една сезона.

Барселона вчера со 2:1 славеше над Атлетико Мадрид и сезоната ја заврши со 159 дадени гола и само 11 примени. На второто место е Сосиедад со 66 бодови, додека Реал Мадрид е трет со 60 бодови. Атлетико Мадрид заврши на четвртото место со 59 бодови.

Пред девојките од Барселона сега остануваат уште два предизвици. На 21 мај ќе играат во финалето од Лигата на шампиони против Олимпик Лион, додека на 25 мај е закажано финалето од Купот на Шпанија, каде за противник ќе го имаат Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести