Моќната Словенија ја прегази Хрватска, шоу на Дончиќ, Драгиќ и Тоби

Словенија во Љубљана ја декласираше Хрватска со 97-69, и направи чекор кон пласман во следната фаза квалификации за Светско првенство. Словенците тргнаа фуриозно, првата четвртина заврши со неверојатни 33-8, и уште по само тие 10 минути игра беше познат победникот.

Лука Дончиќ (21п.,10 ас.,8 ск.), Горан Драгиќ (19 п.) и Мајк Тоби (16 п.,13ск.) беа триото против кое гостите немаа одговор. Кај Хрватска најдобри беа Марио Хезоња со 22 поени, и НБА играчите Бојан Богдановиќ и Ивица Зубац кои имаа 13 односно 14, но Коцкестите беа разбиени од соседот кој покажа зошто е актуелен европски првак.

- Оглас -

Најнови вести