Екипата на Париз баскет дојде и до петтата победа по ред во Евролигата, вечерва дома го победија Жалгирис со 83-77.
Литванскиот тим беше лидер на табелата до пред две кола, а сега Париз и Жалгирис имаат ист биланс, 6-3, како и Панатинаикос, Олимпијакос и Баерн. Пред нив се само Барселона и Фенербахче, кои се на 7-2.
Американецот со македонски пасош, Ти Џеј Шортс, со 21 поен и 6 асистенции беше предводник на нападот на францускиот тим.