Мол Фехервар го претстави Муслиу: Дојдов да освојувам титули

Висар Муслиу денеска и официјално е претставен како нов играч на Мол Фехервар, а повторно ќе игра со Бобан Николов во ист состав, како што тоа беше со златната генерација младинци што играше на прво големо натпреварување, на ЕП во Полска, потоа и во Вардар и во А селекцијата на Македонија.

„Николов имаше само комплименти за клубот, што ми помогна да се одлучам да дојдам во Мол Фехервар. Повторно ќе играме заедно, а се надевам дека и ќе освојуваме титули во дресот на овој клуб“, изјави Муслиу.

Муслиу го одбра дресот со број 16, а и во Мол Фехервар се задоволни што го одбраа стоперот како најново засилување.

„Долго време ги следевме игрите на Висар и среќни сме што успеавме да го доведеме во нашиот клуб. Тој е млад играч, што многу напредува, а се надеваме дека развојот ќе продолжи и во нашиот клуб“, изјави Золтан Ковач, спортскиот директор на унгарскиот вицешампион.

Шкендија неофицијално ќе добие отштета од 500 илјади евра.

- Оглас -

Најнови вести