Молба до Шалке: Победете утре и оставете ни го црниот рекорд!

Фудбалскиот клуб Тасманија 1900 од Берлин е познат во Германија како најслаб бундеслигаш во историјата, во единствената нивна сезона во елитното друштво (1965/1966) имаа серија од 31 меч без победа, освоија само 8 бода (тогаш за победа се даваа два бода, по сегашните правила би имале 10 бода), а гол-разликата им беше минус 93. Тој негативен рекорд опстојува повеќе од 50 години.

Но, утре на Тасманците може да им се придружи Шалке 04. Шалке веќе на 30 мечеви по ред не знае за победа

Клубот Тасманија згасна во 1973 година, но дел од играчите и раководството основаа аматерски клуб Тасманија 73 Нојколн кој е наследник на старата Тасманија 1900 и моментно е во петтата германска лига. Тие велат дека се горди на „подвигот“ од 1966 и имаат молба до Шалке.

„Овој рекорд е култна работа за нас. Ако останеме без рекордот, веќе никој нема да зборува за Тасманија. На рекордот никогаш не сме гледале негативно. Подобро да се зборува за нас, отколку да не се зборува“ – изјави претседателот Алмир Нумиќ.

Последната лигашка победа на Шалке беше во јануари 2020 против Борусија Менхенгладбах, а потоа врзаа 20 порази и 10 нерешени резултати. Со реми или пораз утре против Хофенхајм, Шалке би се изедначил со Тасманија.

Сепак на еден рекорд кој Шалке нема да го изедначи или урне. Тасманија серијата од 31 меч без победа ја имаше во една иста сезона, а Шалке во две.

- Оглас -

Најнови вести