Молдавец со најлошите два сервиса во историјата на тенисот (Видео)

Молдавскиот тенисер Раду Албот, кој е 44-ти на АТП-листата, на турнирот во Будимпешта славеше во два сета против Сергеј Стаховски, но во финишот на средбата имаше два очајни сервиси со кои стана цел на сеир по социјалните мрежи. Раду најпрвин сервираше многу слабо и топчето падна само некој метар пред него, а потоа со сета сила го упати топчето неколку метри над мрежата и зад аут-линијата.

Раду ја прифати шегата на негова сметка, па искоментира дека не е проблемот во понеделничкото расположение, туку „за малку“ ќе погодел таму каде што гаѓаше.

Погледнете зошто сите му се смеат на Раду:

- Оглас -

Најнови вести