Молде ќе добие вистинско богатство затоа што Солскјер останува на „Олд Трафорд“

Оле Гунар Солскјер доби шанса да биде тренер на Манчестер јунајтед и на најдобар можен начин ја искористи. Некогашната фудбалска легенда на тимот од „Олд Трафорд“, сега во следните три сезони треба да раководи од клупата.

Норвешкиот стратег дојде на клупата на најтрофејниот англиски клуб во декември минатата година, на местото на Жозе Мурињо. Со Солскјер на чело, Манчестер надополни двоцифрен заостаток во однос на Челзи и Арсенал, па се врати во трка за првите четири места кои водат во Лигата на шампионите за следната сезона.

Освен тоа, Солскјер направи сензација во Лигата на шампионите откако успеа со Манчестер да го елиминира фаворизираниот Пари Сен Жермен во осминафиналето. Токму поради овие успеси, челниците на Манчестер му дадоа договор на Солскјер за следните три години.

Од овој договор на Солскјер со Манчестер, голем профит ќе има и норвешкиот тим Молде. Тоа е клубот каде што Солскјер работеше како тренер кога Манчестер го побара да дојде на „Олд Трафорд“. Според пишувањата на норвешките медиуми, Молде ќе добие дури 10 милиони евра за предвремено раскининување на договорот со Солскјер, што е огромна сума.

Едноставно, Молде е финансиски победник во целата оваа ситуација со доаѓањето на Солскјер на „Олд Трафорд“.

 

- Оглас -

Најнови вести