Молњите од Тамба Беј се хокеарски шампиони за 2020 година (видео)

Тимот на Тампа Беј лајтнинг го освои Стенли купот со 4-2 во финалната серија против Далас старс, откако ноќеска Молњите го добија шестиот дуел со сигурни 2-0. Ова е втора титула за франшизата од Флорида во НХЛ-лигата, односно прва по пауза од 16 години во своето трето појавување во големото финале.

За разлика од претходните пет натпревари, во кои двете екипи редовно ги покажуваа напаѓачките квалитети, овојпат само два гола на Тампа Беј беа доволни за да се стигне до посакуваниот пехар. Поинт ја отвори средбата на половина од воведната третина, а Колман го постави конечниот резултат во вториот дел и ја осигури победата.

- Оглас -

Најнови вести