Момчето кое беше удрено од Кристијано со порака: Веќе не сакам да го видам Роналдо!

Сара Кели, која е мајка на Џејкоб, момчето кое беше удрено од Кристијано Роналдо по завршувањето на дуелот меѓу Евертон и Манчестер јунајтед, откри дека детето веќе никогаш во животот не сака да ја види една од најголемите фудбалски ѕвезди.

Џејкоб, кој има аутизам, со својот мобилен телефон ги снимаше фудбалерите кои одеа кон соблекувалните, а Роналдо без никаква причина го удри момчето по рака и му го турна мобилниот телефон, кој потоа и се скрши.

По немилиот настан, Роналдо се извини за својот потег, а потоа го покани момчето да му биде гостин на еден меч на „Олд Трафорд“. Сепак, оваа понуда на Роналдо е одбиена.

„Го прашав Џејкоб: Сакаш ли да одиш кај Роналдо?, а тој ми одговори: „Не мама, не сакам веќе никогаш да го видам“. Тоа беше вознемирувачки затоа што Роналдо беше една од причините поради кои сакаше да биде на стадион на мечот против Јунајтед“, вели Сара за англиските медиуми.

Момчето уште чувствува болка на раката по која беше удрен.

- Оглас -

Најнови вести