Момент што сите го очекуваа – Меси го прифати предизвикот, не е лош жонглер со тоалетна хартија (Видео)

Лионел Меси го прифати предизвикот и жонглираше со тоалетна хартија, нешто што е тренд кај спортистите кои препорачуваат да се остане дома во моментите кога кулминира епидемијата со Коронавирусот.

Аргентинецот ги почитува препораките и е во изолација во прекрасната вила во Барселона, во која живее, а е проценета на околу 6 милиони евра.

По жонглирањето, Меси испрати и порака за своите фанови, но и за сите луѓе на светот и вели дека треба да се почитуваат препораките на модерните херои, на медицинските лица.

„Ова е многу комплициран период и затоа останете дома. Да им помогнеме на луѓето што се во првите борбени редови против опасниот вирус, но и да си помогнеме и себеси и на своите најблиски. Сакам да им испратам порака на сите да бидете силни и сите заедно да се избориме што побрзо да се нормализира ситуацијата“, напиша Меси на „Инстаграм“.

 

- Оглас -

Најнови вести