Моментот кој одлучи Астон вила да се спаси од испаѓање: Судиите не видоа чист гол (Видео)

Астон вила вчера ремизираше 1:1 во дуелот со Вест хем, бод кој донесе спас за тимот од Бирмингам. Покрај ремито во Лондон, на Астон вила во прилог ѝ беше и поразот на Ватфорд на гостувањето кај Арсенал (3:2). На крајот, по 38 одиграни меча, Ватфорд и Борнмут завршија со по 34 бодови, а Астон вила имаше 35 и се спаси.

Еден од моментите кои се клучни за спас на Астон вила се случи во 28-мото коло. Шефилд играше против Астон вила, а тимот од Бирмингам прими гол, но судиите не го признаа. Топката заврши зад гол-линијата, но ниту ВАР-системот, ниту гол-технологијата не реагираа, па судиите не досудија погодок, иако тој реално беше постигнат.

На крајот, тој меч заврши 0:0, што значи дека Астон вила освои бод кој немаше да го има ако беше признат погодокот на Шефилд. Ако го немаше тој бод, тимот од Бирмингам сега ќе имаше 34 бодови и послаба гол-разлика од Борнмут, што значи дека ќе требаше да испадне.

Сепак, среќата да откаже технологијата во тој клучен момент беше на страната на Астон вила, тим кој и следната сезона ќе биде дел од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести