Монако ја елиминира Црвена ѕвезда од Европа, Трабзонспор и Барди продолжуваат во Лигата на конференции

Фудбалерите на Монако со 4:1 ја совладаа Црвена ѕвезда во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа и го освоија второто место во групата Х, а во исто време Црвено-белите ги исфрлија од европските натпреварувања.

Францускиот тим го освои второто место во групата, зад Ференцварош, додека Црвена ѕвезда е последна бидејќи Трабзонспор со минималниот триумф дојде до третата позиција и ќе игра во нокаут-фазата во Лигата на конференции.

Монако уште во првиот дел ја најави победата со головите на Кевин Фоланд во петтата и 27-мата минута. Дилемите околу победникот беа решени на стартот од вториот дел, кога Родиќ си постигна автогол за 3:0. До крајот на средбата Црвено-белите преку Канга во 54-тата минута ја затресоа и мрежата на Монако, а конечниот резултат го постави Фоланд во финишот.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ги одигра последните 20 минути за Трабзонспор, кој со мининални 1:0 го совлада Ференцварош и ги продолжува настапите во нокаут-фатаза во Лигата на конференции. Единствениот гол го постигна Бакасетас во седмата минута, а Барди во 70-тата минута влезе во игра токму на местото на стрелецот на голот.

Манчестер јунајтед со 0:1 го победи Реал Сосиедад и само поради полоша гол-разлика го освои второто место во групата Е. И Јунајтед и шпанскиот тим освоија по 15 бода, но Сосиедад заврши како прв бидејќи има гол-разлика 10:2, додека Црвените ѓаволи имаат 10:3.

Стрелец на единствениот гол беше 18-годишниот Гаранчо во 17-тата минута, и тоа на асистенција на Кристијано Роналдо.

Најнеизвесно беше во групата Ф, каде што сите четири екипи ги завршија настапите со осум освоени бодови. Митлијанд со 2:0 го совлада Штурм, додека Феенорд славеше со 1:0 против Лацио. Токму Митјиланд и Феенорд ги освоија првите две места во групата и ќе играат во нокаут-фазата, додека Лацио продолжува во Лигата на конференции.

Во групата Г, Фрајбург убедливо е прв со 14 бода, а во последното коло одигра 1:1 на гостувањето кај Карабах. Петерсен му донесе водство на германскиот тим, а домаќините се спасија од пораз во судиското продолжение со голот на Овусу. Ремито на Карабах го искористи Нант, кој со голот на Мостафа Мохамед и на Блас во финишот од мечот дојде до второто место на табелата. Олимпијакос е последен и ги заврши настапите во Европа.

Резултати:

Група Е
Реал Сосиедад – Манчестер јунајтед 0:1
Шериф – Омонија 1:0
Табела: Реал Сосиедад 15, Манчестер јунајтед 15, Шериф 6, Омонија 0.

Група Ф
Феенорд – Лацио 1:0
Митјиланд – Штурм 2:0
Табела: Феенорд 8, Митјиланд 8,Лацио 8, Штурм 8,

Група Г
Олимпијакос – Нант 0:2
Карабах – Фрајбург 1:1
Табела: Фрајбург 16, Нант 9, Карабах 8, Олимпијакос 2.

Група Х
Монако – Црвена ѕвезда 4:1
Трабзонспор – Ференцварош 1:0
Табела: Ференцварош 10, Монако 10, Трабзонспор 9, Црвена ѕвезда 6.

- Оглас -

Најнови вести