Монако не бил олку лош од 1969 година наваму

Монако е на дното на табелата во француската лига, а и како не би бил кога нема победа од 11 август наваму. Само една победа и 7 бода во првите 12 кола, е нешто што никој не го очекуваше од „кнезовите“.

Овој клуб пред само околу една ипол година играше полуфинале во Лигата на шампионите, а сега би можел да се бори за опстанок во домашното првенство, ако се погледне моментната состојба. Се обидоа да сменат нешто пред две недели кога за тренер беше ангажиран Тјери Анри, но и тоа не помогна.

Лошата серија трае ли трае. Вчера Монако загуби од Ремс со 1:0, и тоа е 14-ти меч по ред во сите натпреварувања, на кој Монако не знае за победа (9 порази и пет нерешени). Ваков очаен биланс клубот за последен пат имал во далечната 1969 година, кога врзал 16 средби едноподруго без триумф.

- Оглас -

Најнови вести