Монфис загуби од Ѓоковиќ, но си доби автограм од Србинот (Фото)

Гаел Монфис загуби од Новак Ѓоковиќ во осминафиналето на АТП-турнирот во Синсинати со 2-0, по сетови 6-3 и 6-2. Со овааа победа Србинот има 19-0 во дуелите против Монфис, со што постави светски рекорд.

Сепак, францускиот тенисер по натпреварот се пофали дека побарал и добил автограм од Ѓоковиќ.

„Можеби ова не беше натпревар каков што очекував против најголемиот на сите времиња, но сепак ми беше чест и задоволство што играв против Новак Ѓоковиќ. И покрај сè, ова беше позитивна недела за мене. Сега ќе се одморам за да бидам оној вистинскиот за Отвореното првенство на САД. Ви благодарам за вашата неверојатна поддршка“, напиша Монфис и сподели слика од автограмот на Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести