Монструозното забивање на ветеранот ја одбележа ноќта во НБА (видео)

Бруклин фати ритам и ја оствари третата победа во низа со 132:128 против Атланта по продолженија. Покрај триото Дурант – Харден – Ирвинг, кое комбинираше 91 поен, за вкупно 12-тата победа сезонава придонесе и ветеранот Џеф Грин, кој воедно со своето забивање ја одбележа ноќта во НБА-лигата.

Во акција со Харден, Грин се залета кон кошот и преку двајца противнички играчи немилосрдно го заби баскетот потсетувајќи на деновите кога важеше за еден од најдобрите забивачи во лигата. Мечот го заврши со 11 поени и 7 скока.

https://twitter.com/BrooklynNets/status/1354633295833812994

- Оглас -

Најнови вести