Монте Карло е касапница за фаворитите, историска победа на Рубљов против Надал!

Андре Рубљов приреди големо изненадување во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Монте Карло, победувајќи го 11-кратниот победник на овој турнир Рафаел Надал. Рубљов е првиот тенисер кој успеал да му земе трети сет на Надал на земјата во Монте Карло, а средбата ја доби со 6-2, 4-6, 6-2.

Русинот можеше да победи и многу полесно, во вториот сет водеше со 4-2, но Надал со четири гејмови по ред, му го „украде“ тој сет.

Ова е второ големо изненадување неделава во Монте Карло, после триумфот на Еванс против Новак Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести