Монтела ја доби довербата од новиот газда на Фиорентина

Винчезо Монтела ќе остане на клупата на Фиорентина и ќе го води тимот во новата сезона. Италијанскиот стратег ја доби довербата од новиот газда Роко Комисо, кој го купи клубот од Фиренца пред околу две недели за сума од 170 милиони евра.

Иако популарниот Аеропланино не ги оправда очекувањата откако го презеде кормилото на Виолетовите во април, ќе има нова шанса да се докаже и да го врати тимот од Фиренца на вистински пат. Монтела не успеа да оствари победа во последните осум лигашки натпревари од изминатата сезона, така што на Фиорентина му се закануваше испаѓање во Серија Б, но на крајот остана во италијанската елита.

„При првото запознавање Монтела ме имресионираше. Тој е полн со ентузијазам и со нетрпение ја чека новата сезона. Знам дека работите не одеа според планот изминатата сезона, но добро паметам дека Фиорентина играше одличен фудбал кога Винчензо го предводеше тимот во својот прв мандат тука. Ние напорно работиме да создадеме конкурентен тим за новата сезона и знам дека Монтела е вистинскиот човек за оваа работа“, истакана сопственикот Комисо.

Фиорентина сезоната ја заврши на 16-тото место со 41 бод, откако не оствари ниту една победа во 14 последователни натпревари во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести