Монца е патека на која треба да доминира Мерцедес

Валтери Ботас го изненади клупскиот колега и седумкратен светски првак Луис Хамилтон, па Финецот ќе стартува како прв на денешните квалификации на Гранд при трката за Големата награда на Италија, на патеката Монца. Според конструкцијата на легендарната патека, болидите на Мерцедес треба да бидат доминантни во однос на сите останати, па се очекува да ги заземат првите две позиции.

Хамилтон имаше одчични времиња во првите две третини од патеката, но во последната третина направи кикс и на крајот застана зад Ботас. „Добро е што јас и Валтери сме во првиот ред. Валтери имаше одлично возење. Треба да бидеме претпазливи затоа што и болидите на Ред Бул знаат да бидат брзи“, рече Хамилтон по вчерашното возење.

 

- Оглас -

Најнови вести