Монца му направи чест на шампионот, па ги победи Елмас и другарите

Монца го победи Наполи со 2-0, а Фиорентина со истиот резултат го совлада Удинезе, во двата меча од Серија А кои се играа попладнево.

Елиф Елмас беше стартер кај Наполи, а излезе во 62-ра минута, откако Монца го даде вториот гол. Пред мечот, домашните направија тунел во чест на новиот италијански првак, и со тоа како да ги омекнаа наполитанците кои одиграа лошо и незаинтересирано. Ова е четврти пораз за Наполи сезонава.

Во Фиренца, Илија Несторовски го одигра целиот меч за Удинезе, но не можеше да го спречи поразот на својот тим.

- Оглас -

Најнови вести